„Лувр“ ја постави онлајн својата колекција од речиси половина милион уметнички дела

Фото: Fabio Fistarol, Unsplash

Најпосетуваниот музеј во светот, „Лувр“ во Париз, постави онлајн над 480.000 уметнички дела, меѓу кои и „Мона Лиза“ и „Милоска Венера“. На официјалната веб страница на музејот се прикачени дела од колекциите од неговите осум оддели, почнувајќи од Исламска уметност, преку Скулптури и Ренесанса, па до Египетски антиквитети.

„Зачудувачкото културно наследство на Лувр сега е на само еден клик. За првпат, секој може да добие пристап до целата колекција од компјутер или смартфон бесплатно, без разлика дали делата се изложени во музејот или се позајмени некаде“, изјави директорот на музејот, Жан-Лик Мартинез.

Посетителите можат да пребаруваат низ масивните колекции на музејот преку едноставни или напредни пребарувања, записи од куратори или тематски албуми. Веб-страницата има интерактивна мапа што им овозможува на луѓето да го истражуваат музејот и секоја од неговите уметнички дела, соба по соба.

„Сигурен сум дека оваа дигитална содржина дополнително ќе ги инспирира луѓето да дојдат во Лувр за да ги откријат колекциите лично“, смета Мартинез.

Поради пандемијата со ковид-19, „Лувр“ беше затворен кон крајот на октомври минатата година, оставајќи ги светски познатите уметнички дела без нивните вообичаени толпи обожаватели.