Спорт Новак Ѓоковиќ вторпат ја освои наградата „Лауреус“

Новак Ѓоковиќ вторпат ја освои наградата „Лауреус“

Новак Ѓоковиќ вторпат во кариерата победи на изборот на Фондацијата „Лауреус“ за најдобар спортист на планетата, а наградата ќе му биде врачена за спортските достигнувања во 2014 година. Првиот тенисер на АТПлистата, на почетокот на 2012 година беше прогласен за најдобар спортист на светот, исто така во избор на оваа фонадација.

Рекордер по бројот на награди „Лауреус“ е швајцарскиот тенисер Рожер Федерер, кој четирипати бил лауреат. Интересно е што никогаш ниту еден фудбалер не е прогласен за најдобар спортист на планетата, барем не во овој избор.

Победници досега биле: Тајгер Вудс (голф), Михаел Шумахер (Формула 1), Ленс Армстронг (велосипедизам), Рожер Федерер (тенис), Усеин Болт (атлетика), Рафаел Надал (тенис), Новак Ѓоковиќ (тенис) и минатата година, Себастијан Фетел (Формула 1).

Оваа награда се доделува од 2000 година, а ја врачува Фондацијата „Лауреус“ која годишно издвојува 40 милиони евра за помош на младите спортисти во 91 држава. Наградите „Лауреус“ во спортот се исто што и наградите „Оскар“ во филмската уметност.