Македонија Нова средба на пленумите со МОН за законот за високо образование

Нова средба на пленумите со МОН за законот за високо образование

Нова средба меѓу двата пленума, претставници од Сенатот и од Министерството за образование и наука, денеска ќе се одржи во ректоратот на УКИМ.

Тие на заедничка маса треба да го договорат концептот на работа за креирање сосема нов закон за високо образование.

Од студентскиот и од професорскиот пленум велат дека интензивно се работи на прибирање на ставовите од сите интерни пленуми, а конечните барања ќе ги достават на следните средби.