Хроника Нов случај со заталкан куршум во Гостивар

Нов случај со заталкан куршум во Гостивар

Седумдесет и едногодишен гостиварец вчера во полиција пријавил дека околу пладне заталкан куршим завршил во покривот од летната кујна во неговата семејна куќа, на улицата Никола Тесла, соопшти полицијата.

Според полицијата, околу 12.15 часот, додека М.Т. (71) заедно со неговото семејство седел во дворот од куќата, слушнале звук од удар на лимот на летната кујна, најверојатно од заталкан проектил од огнено оружје.

Во инцидентот нема повредени лица, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Пред десетина дена, од заталкан куршум животот го загуби 10-годишно дете во гостиварската населба Фазанерија.