Македонија Нов случај на вирусот ХИВ во Штип

Нов случај на вирусот ХИВ во Штип

Од клиниките во Скопје до Институтот за јавно здравје во Штип е пријавено дека кај 34-годишен штипјанец е утврдено дека е носител на вирусот на ХИВ. Пријавата стигнала пред десетина дена. Пациентот е заведен под шифра и освен полот и возраста, другите податоци не се познати.

Со овој најнов случај во Штип, бројот на носители на вирусот на смртоносната болест се зголеми на шест, додека една 34-годишна жена е болна од СИДА и се лекува на Клиниките во Скопје.