Македонија Нов локален пат и повеќенаменско игралиште во Прилеп

Нов локален пат и повеќенаменско игралиште во Прилеп

Во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, ќе го пуштат во употреба 35. по ред повеќенаменско игралиште кое е дел од проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта”.
Претходно, министерот Јанакиески ќе го пушти во употреба локалниот пат од село Клепач до село Ерековци во општина Прилеп.