Македонија Нормализиран сообраќајот на преминот Богородица

Нормализиран сообраќајот на преминот Богородица

Сообраќајот на граничниот премин Богородица од македонската страна на границата повторно е нормализиран откако заврши протестот на такси-превозниците, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Такси-превозниците и возачите на автобуси веќе неколку дена во период од 10 до 12 часот ја блокираат границата поради тоа што не се вклучени во транспортот на бегалците и на мигрантите од граничниот премин Богородица до преминот Табановце.