Култура „Ноќ со книгата“ утре во „Матица“

„Ноќ со книгата“ утре во „Матица“

„Ноќ со книгата“ на Булеварот на книгите, ќе почне во 8 часот наутро и ќе трае до полноќ на 17 јуни (среда).

На Булеварот, односно во „Матица“ на булеварот Климент Охридски, ќе можат да се најдат 60 нови наслови.

Читателите ќе имаат можност да се сретнат со авторите Верче Карафилоска, која ќе ги запознае со „Бездомникот со златен часовник“, Јован Илиески, кој ќе им го претстави „Кругот на животот“, и Зорица Петкоска, која ќе ги внесе во светот на поезијата со збирката „Зборигами“.