Забава Нобеловец поднесе оставка поради коментарите за жените

Нобеловец поднесе оставка поради коментарите за жените

Добитникот на Нобелова награда Тим Хант поднесе оставка од почесното место на Универзитетскиот колеџ Лондон (Ју-Си-Ел) поради коментарите за „проблеми со девојките“ во науката.

Хант признал дека на конференцијата во Сеул изјавил дека жените во лабораторија „плачат“ кога ги критикуваат и оти се вљубуваат во своите колеги.

Хант ја доби Нобеловата награда во 2001 година за трудот што го изучува делењето на клетките, а во 2006 година ја доби титулата „сер“.

Професорот Хант рече дека не сакал никого да навреди и оти само бил искрен.