Македонија Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да ја коментираат изјавата на Груевски...

Ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да ја коментираат изјавата на Груевски за оставка

И владејачкиот СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат официјално да ја коментираат денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека е подготвен да си поднесе оставка од позицијата прв човек на најголемата опозициска партија.

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, за „Мета“ изјави дека партијата нема да ја коментира најавата.

– Неумесно е за нас да се мешаме во внатрепартиските работи на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Кирацовски.

„Мета“ разговараше и со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека партијата официјално нема никаков коментар за најавата од партискиот лидер и информираше дека деновиве ќе има официјално партиско соопштение на таа тема.