Хроника Нишанел кон еден, погодил други двајца

Нишанел кон еден, погодил други двајца

Триесет и четиригодишен жител на тетовското село Желино, со пиштол застрелал двајца свои соселани во инцидент што вчеравечер се случил пред чајџилница во селото, информираат од МВР.

Инцидентот се случил околу 22.30 часот, кога Б.А. (50), Џ.С. (52) и Е.Џ. (49), излегувајќи од чајџилницата, биле пресретнати од В.Џ. (34). Во тие моменти, тој од пиштол истрелал еден куршум кон Е.Џ., но ги погодил другите двајца во нозете.

Од полицијата информираат дека В.Џ. е приведен во полициска станица и по документирањето на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.