Македонија Никола Попоски ќе се обрати во Европскиот парламент

Никола Попоски ќе се обрати во Европскиот парламент

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска во Брисел ќе се обрати пред членовите на Европскиот парламент (ЕП), пред пратеници од националните парламенти на земјите-членки на Европска Унија и пред министрите за надворешни работи на шесте земји од Западен Балкан. Неговата посета се остварува на покана на претседавачот со Комитетот за надворешна политика во Европскиот парламент, Елмар Брок.

На состанокот се очекува да се разменат ставови и гледишта на членовите на Комитетот и на министрите за надворешни работи околу политиката за проширување на Европска Унија.