Свет Нигерија: 40 загинати при експлозија на две бомби

Нигерија: 40 загинати при експлозија на две бомби

Најмалку 40 лица загинаа при експлозија на две бомби во близина на нигерискиот град Џос.

Засега никој ја нема преземено одговорноста за нападот.

Ова е втор напад годинава во овој регион. Во мај сунитско-џихадистичкото движење Боко харам изврши бомбашки напад, при кој загинаа 118 лица.