Економија Незири ќе учествува на Економски форум на ЈИЕ во Софија

Незири ќе учествува на Економски форум на ЈИЕ во Софија

На покана на неговиот бугарски колега, Божидар Лукарски, министерот за економија, Беким Незири, ќе учествува на Економскиот форум за Југоисточна Европа, кој се одржува во Софија, во рамки на претседавањето на Република Бугарија со Процесот на соработка на ЈИЕ.

На форумот министерот Незири, заедно со министрите за економија од регионот, ќе разговара за економската соработка меѓу земјите во Југоисточна Европа, а ќе одржи и работна средба со министерот за економија на Бугарија, Божидар Лукарски.