Галерија Независниот синдикат на полицијата протестираше за подобри услови и повисоки плати на...

Независниот синдикат на полицијата протестираше за подобри услови и повисоки плати на полицајците

Независниот синдикат на полицијата (НСП) вчера одржа протест во центарот на Скопје, на кој му се приклучија и неколку други синдикални организации.

На протестот, кој го нарекоа „пред-генерална проба“ пред своевиден штрајк на национално ниво, од НСП побараа подобрување на условите за работа, повисоки плати, нови униформи и потпишување нов Колективен договор и нова систематизација. НСП се спротивстави на, како што неофицијално дознале, веќе потпишаниот Колективен договор меѓу МВР и Македонскиот полициски синдикат.