Економија Невработеноста во второто тримесечје изнесува 22,6 проценти

Невработеноста во второто тримесечје изнесува 22,6 проценти

Стапката на невработеност во второто тримесечје од годинава изнесува 22,6 проценти и бележи намалување од 0,3 отсто во однос на претходниот квартал, објави Државниот завод за статистика.

Објавените податоци покажуваат дека бројот на активното население во второто тримесечје изнесува 955.699 лица, од кои вработени се 739. 892, а 215.807 лица се невработени.

Меѓу невработените, 62 проценти или 133.766 лица се мажи, а 38 проценти или 82.041 се жени. Според возраста, најмногу невработени има кај оние од 25 до 49 години и тој број изнесува 137.859 лица или 63,9 отсто.

Кај вработените, податоците покажуваат дека најголем дел се вработени во преработувачката индустрија, потоа во земјоделството, шумарството и рибарството и во трговијата на големо и на мало.