Македонија Невладините организации приредија празничен ручек за бегалците на Табановце

Невладините организации приредија празничен ручек за бегалците на Табановце

По повод муслиманскиот празник Рамазан-бајрам, денеска во Транзитниот центар Табановце, невладините организации подготвија ручек и донесоа подароци за децата.

Во центарот има бегалци од Сирија и од Авганистан. Најголем процент се семејства со деца.

Рамазан-бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста.