Македонија Невладините од Дебар бараат Маврово да се прогласи за зона под заштита...

Невладините од Дебар бараат Маврово да се прогласи за зона под заштита на УНЕСКО

Здружението Центар за оддржлив развој на заедницата – Дебар заедно со граѓанскиот сектор на Дебар и Реканскиот крај, преставници од здруженијата од дијаспората, преставници од еколошките здруженија „Еко-свест“, „Фронт 21/42“ и „МЕД“ од Скопје се целосно против спроведувањето на било каков проект во атарот на Националниот парк „Маврово“.

Тие решително се спротивставуваат на идејата за изградба на хидроцентралите „Луково поле“, „Бошков мост“ и 20 мали хидроцентрали.

Од таму бараат да престанат сите активности на Владата на Република Македонија и ЕЛЕМ се поврзани со овие проекти, Националниот парк „Маврово“ да биде прогласен за заштитено подрачје, да престанат било каков вид на активност што може негативно да влијае на екосистемот и биодиверзитетот на паркот, а Националниот парк „Маврово“ да се прогласи зона под заштита на УНЕСКО. Тие исто така бараат на граничката точка Луково Поле повторно да се отвори граничен премин за слободно движење на граѓаните на Македонија, на Косово и на туристите.

Невладините организации од Советот на општина Маврово и Ростуше бараат да формира комисија и да се произнесе против изградба на хидроцентрали и пренасочување на водите на Радика, а градоначалникот лично да се ангажира во заштита на реката Радика и Националниот парк.