Македонија Непознати лица се заканувале со молотов коктел за гласање во Советот на...

Непознати лица се заканувале со молотов коктел за гласање во Советот на Гази Баба

Четириесет и четиригодишната И.Т. од Скопје вчера пријавила во полицијата дека две непознати лица вчера ја побарале нејзината ќерка З.Т. 26 години за да се договорат за гласање во Советот на општина Гази Баба.

Како што пријавила во полиција И.Т. двајцата на возраст од околу 50 години, дошле со „мерцедес“ и понудиле помош околу семејниот бизнис и поубаво работно место за З.Т. Во спротивно, според пријавеното, лицето се заканило дека ќе фрли молотов коктел во продавницата на И.Т. во Ќерамидница.

На лице место се упатени полициски службеници од полициска станица Гази Баба и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.