Подглавна секција Немало пожар во гимназијата „Јосип Броз-Тито“

Немало пожар во гимназијата „Јосип Броз-Тито“

Текстот со наслов  „ВИДЕО: Пожар во средното училиште „Јосип Броз Тито““ дезинформира и исто време шири паника за наводен пожар во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, пишува „КриТинк“. Не станува збор за никаков пожар туку вежба, како да се постапи и како да се евакуира персоналот во случај на пожар.

Вежбата во случај на пожар во средното училиште „Јосип Броз-Тито“ во текстот е прикажана како реална ситуација. На овој начин се шири паника помеѓу граѓаните, посебно помеѓу родителите на децата, семејствата на вработените во гимназијата.

Демант на оваа вест стигна и од гимназијата „Јосип Броз- Тито“, на нивниот фејсбук-профил.

„Денес, 30.01.2020год. во СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ се одржа вежба и симулација на пожар при вонредни услови и истата успешно беше реализирана. Во вежбата активно учество земаа учениците и професорите. Им искажуваме благодарност на пожарникарите од Противпожарната бригада на град Скопје кои покажаа вистинска професионалност. Информациите кои беа пласирани од одредени портали се неточни и невистинити,“ се вели во демантот.

Медиумот кој се спомнува во текстот, подоцна ја избриша лажната вест, исто како што тоа го сторија и другите медиуми кои објавија дезинформации за овој настан. Вакви дезинформации, не служат за ништо друго освен за ширење паника помеѓу граѓаните.