Македонија Нема веднаш да се наплаќа за одзатнување канализација

Нема веднаш да се наплаќа за одзатнување канализација

ЈП „Водовод и канализација“

ЈП „Водовод и канализација“ нема да наплаќа за услугата одзатнување на канализациската мрежа во станбени згради и во куќи. Како што информираат од претпријатието, на граѓаните услугата ќе им биде фактурирана на наредната сметка.

Оттаму информираат дека, според нивните анализи, не секогаш граѓаните имале пари да платат веднаш, па поради тоа, се решиле на ваков чекор, што би бил од корист како за барателите на услугата, така и за службите кои навремено и ажурно би можеле да го санираат проблемот.

„Досега за оваа услуга „Водовод“ наплаќаше веднаш, со фискална каса и притоа голем број од граѓаните не беа во можност да платат.