Свет Балкан Нема евтин роаминг во Црна Гора

Нема евтин роаминг во Црна Гора

Спогодбата со која требаше од 30 јуни на граѓаните на Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и на Македонија да им се овозможи поевтино телефонирање во роаминг, нема да важи за Црна Гора.

Имено, Управниот суд на Црна Гора ја прифати тужбата на црногорскиот „Телеком“ и на „Теленор“, со која беше побарано укинување на спогодбата за намалување на цените на роаминг-услугите во мобилната телефонија.

Во образложението на судот се вели дека директивата за намалување на цената на роамингот е задолжителна само за земјите на ЕУ и таа спогодба не е ратификувана во Парламентот.