Македонија Нема да се гради бензинска на местото на пазарот Буњаковец

Нема да се гради бензинска на местото на пазарот Буњаковец

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, по средбата со жителите кај пaзарчето Буњаковец во Дебар-маало, соопшти дека бензинска пумпа во новиот ДУП за Дебар-маало нема да има.

„На вчерашната средба жителите кои се непосредно до пазарот Буњаковец се согласија со  предложениот ДУП, но поголемиот број не се согласија. Сведоци сме на грубите дезинформации на дел од медиумите. Центарци имаат две желби. На локално ниво да нема бензинска пумпа, на централно ниво да си замине Груевски. Јас ќе ја испочитувам желбата на центарци. На следната седница јас ќе предложам ДУП за Дебар-маало без бензинска пумпа, со пазарче од затворен вид. Сега на потег е Груевски да си поднесе оставка“, изјави Жерновски.