Спорт Неимар ќе го предводи Бразил на ОИ

Неимар ќе го предводи Бразил на ОИ

Бразилскиот фудбалер Неимар да Силва ќе го предводи националниот тим на Олимписките игри во Рио, потврди координаторот на младинската селекција Александре Тадеу.

– Не можам да замислам тим без играч од негов калибар – рече Тадеу за локалната телевизиај „Спорт“.

Бразил, кој е рекордни пет пати беше шампион на светот, никогаш досега не освоил златен медал на Олимписки игри. Трипати е поразен во финалето (1984, 1988, 2012), а Бразилцоте имаат и два бронзени медали (1996, 2008).

Неимар од минатата година е дел од тимот на Барселона, а играше за бразилската репрезентација на претходните Олимписки игри во Лондон, кога во финалето Бразил изгуби од Мексико со 2:1.

За сениорската селекција настапил 58 пати и постигнал 40 гола, а неодамна е назначен и за капитен.
Олимписките игри во Рио ќе се одржат од 5 до 21 август 2016 година.