Македонија Неделков: В понеделник нема да се одржи екстерното тестирање

Неделков: В понеделник нема да се одржи екстерното тестирање

Штрајкот на просветните работници продолжува сè додека не се исполнат нашите барања и покрај огромните притисоци и закани, истакна лидерот на СОНК, Јаким Неделков , кој додаде дека в понеделник наставниците кои штрајкуваат нема да го спроведат предвиденото екстерно тестирање за учениците од четврта година.

– Се води невидена кампања за да се прикаже дека се штрајкува само во Куманово и во Струмица, што не е точно. Знам дека и од денешната прес-конфернеција нема да излезе сè зашто информациите се подготвуваат во еден Центар за комуникации, пардон, центар за шпекулации, лаги и за невистини. Замислете, група читачи на подготвен текст бараат одговорност од претседателот на СОНК и од членството. Тие читачи треба статутот да го прочитаат за да видат дека СОНК не е на претседателот, туку на членството. Штрајкот нема да престане додека членството не го побара тоа – рече Неделков.