Дописници „Не за математиката“ и во Штип

„Не за математиката“ и во Штип

На протест против полагањето математика на претстојната матура излегоа попладнево средношколците од Штип. Голем транспарент со испишана порака „Не за математиката на матура“, ја предводеше поворката во периодот меѓу двете училишни смени по центарот на Штип.

Учениците, кое беа организирани од „Средношколски пленум“, по примерот на своите врсници од Куманово, Скопје и од неколку други градови, бараат да се исфрли математиката како трет задолжителен предмет во полагањето матура и да биде изборен. Својот став го искажаа и преку пораките на трансапренти на кои пишуваше „Министре, дали полагавте матура“, „Математика на Филолошки не ни треба“, „Не прашавте ли и нас?“.