Македонија Нè очекува дожд и силен ветер

Нè очекува дожд и силен ветер

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд и на планините од снег. Особено обилни врнежите ќе бидат во јужните и во западните делови од земјава, каде локално повторно ќе наврнат повеќе од 40 литри на еден квадратен метар.

Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 1 до 14 Целзиусови степени.