Македонија НДП на Весел Мемеди се закани со излегување од власта ако биде...

НДП на Весел Мемеди се закани со излегување од власта ако биде разрешен Фазлиу

Претседателот на НДП, Весел Мемеди, кој е потпретседател на Собранието, денеска на прес-конференција објави дека ако биде разрешен министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, неговата партија ќе се повлече од власта. Мемеди рече дека ќе поднесе оставка и за пратеничкото место и на функцијата потпретседател на Собранието, а неотповикливи оставки ќе поднесат и кадрите на НДП на директорски места и во управни одбори.

Тој ги повика СДСМ и ДУИ да се откажат од таквата намера.

– Не може да има пазар за министерско место, бидејќи ова министерство секогаш го воделе министри Албанци, и јас немам мандат да правам пазар во име на Албанците и да го отстапам оваа министерство на коалицискиот партнер на СДСМ. Немам никакво морално право да жртвувам една чесна и способна фигура како што е мојот министер Сухејл Фазлиу. Ако коалиционите партнери СДСМ и ДУИ посакуваат да го продолжат нашиот заеднички пат кон заокружување на финалните цели, со најкоректниот и најчесниот партнер што некогаш го имале, односно НДП, тогаш СДСМ треба да го повлече предлогот за разрешување на нашиот министер, а другиот коалиционен владин партнер ДУИ, да не гласа за разрешувањето на нашиот министер – рече Мемеди.