Македонија НДМ: Листите се отфрлени поради партиска директива или правна неписменост на ДИК

НДМ: Листите се отфрлени поради партиска директива или правна неписменост на ДИК

Народно движење за Македонија ја информира јавноста дека отфрлањето на кандидатските листи во сите седум изборни единици е резултат на правна неписменот на членовите на ДИК или на партиска директива да одлучат според логиката на политиката, а не според логиката на правото.

Од партијата велат дека не е точно дека има несовпаѓање на потписи на кандидатите.

„Не е точно дека постои лице кое не е евидентирано во избирачкиот список. Не е точно дека листите содржат поголем број кандидати од законски утврдениот број. Не е точно дека на листите има кандидат М.Ф. со недоставено уверение за неосудуваност. Не е точно дека кандидат за пратеник може да менува содржина на уверение за неосудуваност како што бара ДИК, туку судски документи може да коригира само судот. Не е точно дека доказ за неосудуваност е доставен надвор од рокот. Ја користиме можноста да прашаме, зошто седумте известувања на ДИК до НДМ за отстранување на неправилностите се пратени и на Т.П., нам  непозната, како наводен подносител на листите и на тој начин документите за НДМ да се анализираат во некој друг партиски штаб?!“, стои во соопштениетона партијата.