Економија НБРМ: Зголемено кредитирање на домаќинствата, а намалено на претпријатијата

НБРМ: Зголемено кредитирање на домаќинствата, а намалено на претпријатијата

Кредитите на домаќинствата имаат месечен пораст од 0,8 проценти, а на годишно ниво 9,8 проценти покажуваат податоците на Народна банка. Притоа најголем дел од зголемувањето на кредитирањето се должи на порастот на денарските пласмани.

Од одобрените кредити, потрошувачките имаат месечен пораст од 1,1 процент, а станбените од 0,5 проценти. Годишниот пораст кај потрошувачките кредити е 12, а на станбените 13,7 проценти.

Кредитите на претпријатијата бележат намалување од 0,2 проценти како резултат на намалување на девизното кредитирање, кое, како што наведуваат од НБРМ, го надминува порастот на денарското кредитирање.