Економија НБРМ: Економски пораст од 3,7 проценти

НБРМ: Економски пораст од 3,7 проценти

Фото: Архива на Мета.мк

Народната банка на Македонија прогнозира дека порастот на македонската економија ќе изнесува 3,7 проценти. За следната година, НБРМ прогнозира 4,1 отсто, а во 2016 година – пораст од 4,5 проценти. Во денешните проекции нема промени во однос на оваа и на 2016 година, има само надолна корекција за предвидениот раст за 2015 година. Претходната проекција на НБРМ за порастот за 2015 година беше 4,4 проценти. Според банката, корекцијата е заради понеповолното надворешно опкружување.