Спорт НБА: Кливленд поведе со 2-1 во финалната серија против Голден Стејт

НБА: Кливленд поведе со 2-1 во финалната серија против Голден Стејт

Екипата на Кливленд кавалирс поведе со 2-1 во финалната серија во НБА-лигата, откако утрово на домашен терен го совладаа тимот на Голден Стејт вориорс со 96-91.

Најзаслужен за победата на „кавалирс“ беше ѕвездата на тимот, Леброн Џејмс, кој мечот го заврши со извонредни 40 поени, 12 скокови и со осум асистенции.

Одлична игра за домашниот тим прикажа и Метју Делаведова, кој постигна 20 поени, пет скока и четири асистенции.

Во редовите на Голден стејт, најефикасен беше Стеф Кари, со реализирани 27 поени, од кои 17 ги постигна во последната четвртина.