Спорт НБА: Голден Стејт со убедлив триумф израмни на 2 – 2

НБА: Голден Стејт со убедлив триумф израмни на 2 – 2

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс со убедлив триумф над Кливленд кавалирс од 103 – 82, на гостински терен, израмнија на 2 – 2 во победи во финалната серија од плејофот на НБА-лигата.

Најефикасни во победничкиот тим беа Стеф Кари и Андре Игудала, кои постигнаа по 22 поени. Кај Кливленд најмногу поени постигна Тимофеј Мозгов, односно 28.

Кошаркарите на Голден Стејт доминираа уште од почетокот на натпреварот, но победникот, сепак, се решаваше во последната четвртина, која гостите ја добија со 27 – 12.

Ѕвездата на Кливленд не постигна ниту еден поен во последната четвртина и мечот го заврши со скромни, за него, 20 поени, 12 скокови и со осум асистенции.