Спорт НБА: Голден Стејт на чекор до шампионската титула

НБА: Голден Стејт на чекор до шампионската титула

Кошаркарите на Голден Стејт вориорс се на чекор до освојување на шампионската титула откако синоќа го совладаа тимот на Кливленд кавалирс со 104-91 и поведоа со 3-2 во финалната серија на НБА.

Предводник на домашниот тим до победата беше Стеф Кари, кој мечот го заврши со 37 поени, од кои седум тројки, на кои додаде седум скока и четири асистенции.

Солидна партија покажаа и неговите тимски колеги Дрејмонд Грин, кој постигна 16 поени и девет скока, а Андре Игудала реализира 14 поени, осум скока и седум асистенции.

Кај поразениот тим, Леброн Џејмс постигна нов трипл-дабл, односно 40 поени, 14 скокови и 11 асистенции, кои не беа доволни за конечен исход во корист на Кливленд.

Наредниот, шести меч, ќе се игра во вторник, во Кливленд.