Спорт НБА: Чикаго и Голден стејт поведоа со 2-0

НБА: Чикаго и Голден стејт поведоа со 2-0

Тимовите на Голден стејт и на Чикаго поведоа со 2-0 во серијата прв до четири победи од првата рунда на плеј-офот во НБА-лигата.

Голден стејт и во вториот меч беа подобри од Њу Орлеанс, славејќи со 97-87. Најефикасен на натпреварот беше Клеј Томпсон со 26 поени, а Стеф Кари запиша 22 поени, четири скока и шест асистенции.

Во натпреварот од Источната конференција, Чикаго славеше над Милвоки со резултат 91-82. Во редовите на победничкиот тим и на овој меч блескаше Џими Батлер, постигнувајќи 31 поен, девет скокови и две асистенции.