Хроника Навивачи на ФК „Шкупи 1927“ нападнале играчи на ФК „Вардар АД Младинци“

Навивачи на ФК „Шкупи 1927“ нападнале играчи на ФК „Вардар АД Младинци“

Навивачи на фудбалскиот клуб „Шкупи 1927“ вчера физички нападнале играчи на екипата на ФК „Вардар АД Младинци“, по завршувањето на натпреварот меѓу двете екипи на стадионот „Чаир“, информира полицијата.

Според полицијата, по завршувањето на мечот околу 18 часот, во моментот кога играчите излегувале од теренот, неколкумина навивачи на ФК „Шкупи 1927“ ја прескокнале железната ограда, влегле на стадионот и нападнале четворица играчи на ФК „Вардар“.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.