Свет Балкан НАТО свикува итна средба поради состојбата на турско-сириската граница

НАТО свикува итна средба поради состојбата на турско-сириската граница

Претставници на 28 земји од Северноатланскиот воено-политички сојуз (НАТО), утре, на барање на Турција, ќе одржат вонредна седница за ситуацијата во Сирија, соопштија од Алијансата.

Турција побара состанок повикувајќи се на точката 4 од Атлантската повелба, која се активира кога некоја членка ќе пријави дека е загрозена.

Анкара се одлучи за ваков чекор откако турската авијација почна воздушни удри на позиции на Исламската држава и на курдските бунтовници во соседна Сирија и во Северен Ирак.

– Вклучувањето на Турција во сирискиот судир од темел ја менува ситуацијата во Сирија, Ирак и во целиот регион – изјави тимот предводен од турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Во соопштението на НАТО се наведува дека Алијансата, „многу внимателно ја следи ситуацијата и солидарно ќе застане зад Турција“.