Свет Европа НАТО постојано нè провоцира и сака да не вовлече во судир, тврди...

НАТО постојано нè провоцира и сака да не вовлече во судир, тврди Путин

НАТО постојано се обидува да ја вовлече Русија во судир, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Како што пренесува „Раша тудеј“, Путин додал дека државите членки на НАТО продолжуваат да се мешаат во внатрешните работи на Русија.

Тој навел дека минатата година „ситуацијата не се подобрила, туку напротив некои закани се продлабочиле“.

– Една од тие закани е новата официјална мисија на НАТО да ја заплаши Русија. Константно не провоцираат, се обидуваат да нè вовлечат во судир – рече Путин, додавајќи дека членките и понатаму се мешаат во внатрешните работи за да го дестабилизираат општествениот и политички ред на руската територија.