Свет Балкан Наставниците во Србија штрајкуваат, учениците останаа без оценки

Наставниците во Србија штрајкуваат, учениците останаа без оценки

Поради штрајк на наставниците во Србија, околу 20.000 ученици денеска не добија оценки и ученички книшки.

На оваа радикална мерка се одлучија училиштата во Чачак, Крагуевац, Крушевац, Валево, Кралево и во Ниш.

Синдикатите преминаа кон радикализирање на штрајкот и не поделија ученички книшки, откако по речиси два месеци преговори не постигнаа договор во Владата. Тие бараат на наставниците, чија просечна плата изнесува 39.000 динари, да им се обезбеди парична помош до 4.500 динари, да се усвои систем на плати, како и да се донесе соодветен колективен договор и закон за основи на образованието.