Македонија Наставните програми од „Кембриџ“ се воведуваат и за учениците од четврто до...

Наставните програми од „Кембриџ“ се воведуваат и за учениците од четврто до шесто одделение

Учебници и тетратки

Учениците од четврто до шесто одделение се вклучуваат во наставната програма на Меѓународниот центар за наставни програми „Кембриџ“, која годинава беше воведена од прво до трето одделение.

Договор денеска ќе потпишат министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, заменик министерот Спиро Ристовски, заменик директорот на Бирото за развој на образованието, Ајше Селмани, и генералниот директор на Меѓународниот центар за наставни програми „Кембриџ“, Мајкл О’Саливан.

Заменик министерот Ристовски вчера соопшти дека следната година целосно ќе заврши вториот дел од реформата на основното образование, од седмо до деветто одделение.