Свет Насловната на „Њујорк тајмс“ во Тајланд излезе без главен текст

Насловната на „Њујорк тајмс“ во Тајланд излезе без главен текст

Насловната страница на меѓународното издание на „Њујорк тајмс“ во Тајланд денеска излезе со празнина, односно без главен текст.

Како што јавуваат медиумите, локалната издавачка куќа го исфрлила текстот на дописникот Томас Фулер, во кој тој пишува за проблемите во земјата, тајландската воена влада, стагнирањето на економијата и го анализира приципот на наследување во монархијата.

Забранетиот текст, сепак, е достапен на интерент- изданието на „Њујорк тајмс“.

Угледниот весник не излезе во Тајланд ниту на 22 септември поради текст за монархијата.