Хроника Насилници нападнале брачен пар на пазарот во Шуто Оризари

Насилници нападнале брачен пар на пазарот во Шуто Оризари

Вчера, околу 17 часот, Н.Н. (25) од Скопје, во полициската станица Чаир пријавил дека тој и неговата сопруга околу 14 часот биле физички нападнати од лице со иницијали К.С. и од неговиот брат, соопшти полицијата.

Според пријавата, додека Н.Н. со неговата сопруга Р.А. се движеле низ пазарот во Шуто Оризари, К.С. во еден момент, без повод и причина, почнал да го удира со безбол-палка по главата и по телото. Неговиот брат, пак, со тупаници ја нападнал неговата сопруга.

По инцидентот, напаѓачите побегнале во непознат правец, а Н.Н. бил пренесен во Градската хируршка клиника „Св. Наум Охридски“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.