Дописници Народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ утре се сели во Охрид

Народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ утре се сели во Охрид

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ утре, со почеток од 13 часот, во Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, ќе одржи нов народен собир. Најавено е обраќање на лидерот на партијата, Никола Груевски, а ќе говорат и други партиски челници.

На собирот се очекува да бидат изнесени ставовите на партијата за повеќе актуелни теми и за тоа какви ќе бидат чекорите на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.

Локалното раководство ги покани „сите граѓани на Охрид да бидат дел од оваа општонародна трибина“, стои во партиското соопштение.

Охрид е градот од кој традиционално, од 1990 година наваму, почнуваат изборните каравани на ВМРО-ДПМНЕ, што овојпат, со народните собири, не беше случај.

Претходно, владејачката партија одржа вакви народни собири во повеќе градови во Македонија, вклучувајќи го и главниот град Скопје.

В.М.