Македонија Народниот правобранител на средба со децата-правобранители од основните училишта

Народниот правобранител на средба со децата-правобранители од основните училишта

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска ќе се сретне со децата-правобранители од основните училишта од Тетово, Куманово и од Гостивар.

Тема на средбата ќе биде Светскиот ден за превенција на злоупотреба и насилство кон децата и проблемите со кои се соочуваат правобранителите во нивното работење во училиштата.

Средбата е во рамки на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“, финансиран од Детската фондација „Песталоци“, а го реализира Коалицијата на младински организации „Сега“.