Економија Народна банка донесе стратегиски план за ниска инфлација и стабилен курс на...

Народна банка донесе стратегиски план за ниска инфлација и стабилен курс на денарот

Советот на Народната банка денеска одржа редовна седница на која ги донесе Стратегискиот план и Програмата за истражувачка активност за периодот од 2019 до 2021 година.

„Стратегискиот план за следниот тригодишен период содржи единаесет стратегиски цели кои јасно ја изразуваат определбата за одржување ниска и стабилна инфлација преку стратегијата на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото, одржување финансиската стабилност како составен елемент на макроекономската стабилност и предуслов за остварување економски раст и просперитет. Имајќи го предвид динамичното и променливо окружување, во рамките на Стратегискиот план се разработени основните предизвици во работењето, како и најважните, критични точки на делување во наредниот тригодишен период“, се вели во соопштението на Народна банка.