Македонија Наредена обдукција на починатото момче од сообраќајката кај Рампа

Наредена обдукција на починатото момче од сообраќајката кај Рампа

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје утрово издал наредба до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје за обдукција на телото на 22-годишниот мотоциклист С.А., кој им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа што се случи во средата во Кисела Вода кај Рампа.

Покрај ова, обвинителството ја очекува комплетната документација за сообраќајната несреќа од Министерството за внатрешни работи – записниците од извршениот увид, скиците, резултатите од извршените анализи и изводите од техничкиот преглед на возилата.