Хроника Нарачувал стока иако фирмата му била со блокирана сметка

Нарачувал стока иако фирмата му била со блокирана сметка

Секторот за внатрешни работи Струмица поднел кривична пријава против скопјанецот М.Б. (23), кој се товари за измама и против фирмата „Бјути-ИД“ поради оштетување или повластување доверители.

Како што информираат од полицијата, осомничениот во јуни минатата година, заедно со уште едно лице, го измамил сопственикот на струмичката фирма „Ивани“ од кого побарал да му испорача стока во вредност од околу 390.000 денари, односно околу 6.300 евра, и покрај тоа што знаел дека неговата фирма е со блокирана сметка.