Хроника Нападнат домот на пратеничка во скопската населба Ѓорче Петров!?

Нападнат домот на пратеничка во скопската населба Ѓорче Петров!?

Домот на пратеничка од редовите на опозицијата е нападнат во скопската населба Ѓорче Петров, дознава „Нетпрес“ од партиски извори.

Според порталот, во текот на ноќта, непознати лица на влезната врата од домот на пратеничката Љ.Б. напишале зборови со погрдна и навредлива содржина, а го  исцртале и знакчето на долар.