Свет Европа Нападнат Димитриј Муратов, уредник на „Новаја газета“ и добитник на Нобелова награда...

Нападнат Димитриј Муратов, уредник на „Новаја газета“ и добитник на Нобелова награда за мир

Фото: Новаја Газета Европа на Твитер

Рускиот добитник на Нобеловата награда за мир, новинарот Дмитриј Муратов вели дека бил нападнат со црвена боја измешана со ацетонски растворувач во воз во Русија.

Напаѓачите извикувале „Муратов, ова е за нашите момчиња“, пишува на Твитер новиот медиум „Новаја газета Европа“.

Муратов беше ко-награден со наградата за мир во 2021 година како признание за неговата борба за одбрана на слободата на изразување во Русија.

Независниот весник Новаја Газета со кој раководеше Муратов ги прекина своите активности во земјата по предупредувањата од властите, вклучително и поради покривањето на војната во Украина.

Вчера, новинарите од весникот објавија дека ја лансираат Новаја Газета Европа, која ќе објавува написи за Русија на различни јазици.