Македонија Најмногу снег во Маврово – 65 сантиметри

Најмногу снег во Маврово – 65 сантиметри

Најмногу снег, 65 сантиметри, има во Маврово, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму велат дека во Крушево снежната покривка изнесува 35 сантиметри, додека во Пожаране е измерен еден сантиметар помалку.

Во станатите градови и места измерени се: Тополчани – 21 см, Тетово – 20 см, Охрид и Ѓуриште – 19 см, Битола – 18 см, Претор – 16 см, Пожар – 13 см, Прилеп – 12 см, Скопје- Зајчев Рид и К.Паланка – 9 см, Скопје-Петровец – 6 см, Берово – 4 см, Демир Капија – 1 см.

За утре се најавуваат нови врнежи од снег.